Денеска се слави Свети Климент Охридски-Чудотворец,

Денеска во Македонија се празнува-слави споменот и делото на Свети Климент Охридски. Тој е најпознатиот од многуте ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Тој е патрон на МПЦ и прв македонски архиепископ.

Кога во 868 година светите браќа Кирил и Методиј биле повикани во Рим со нив како поткрепа бил и Свети Климент. По смртта на Свети Кирил, во Рим, Свети Климент заедно со свети Методиј се вратил во Моравија и продолжил да го брани словенскиот јазик во црковната богослужба. Затоа сега е почитуван во голем дел од христијанскиот свет.

Тој е творец и на далеку познатата Охридска книжевна школа. Освен врковно лице, тој бил и е писател, преведувач, педагог-просветител… Свети Климент не проповедал само во црква или на богослужба, туку одел меѓу луѓето и ги поучувал, им помагал…
Едноставно, оставил длабока трага кај македонскиот народ, кој му се поклонува поради тоа.