Денеска сончево и топло, од неделата пак нестабилно

Сончево и топло време со умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 30 степени, најавувата метеоролозите за скопското подрачје.

Вакво време се очекува и за подачјето на целата земја при што во попладневните часови е можна изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 24 до 32 степена. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Утре ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само на места ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Од недела повторно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Претходна вестКазни за 705 граѓани за неносење маски
Следна вестДенеска средните училишта ќе ги објават примените ученици, ќе има ли квалификациони испити?