Денови на македонската литература и култура во Белград

Манифестацијата „Денови на македонската култура“ беше отворена во Белград со изложбата на слики „Очите гледаат сè“ на авторката Гордана Јаневска, во галеријата „Никола Радошевиќ“. На отворањето на изложбата, што ќе трае до 21 мај, пригодни обраќања и поздравни зборови имаа Зорица Митровиќ, претседател на македонското друштво во Белград „Македониум“ и Синиша Новески, скулптор и уметнички директор на „Деновите на македонската култура.

Очите се портата и преминот помеѓу духовното и реалното, метафизичкото и објективното, а со тоа сликите на авторката се визуелно и интимно искуство и претстава на нејзиниот поглед на светот, луѓето и природата, се вели во текстот за изложбата подготвена од Синиша Новески, пренесува Танјуг.

„Стилски нејзините слики се блиски до кубизмот, експресионизмот, симболизмот и надреализмот, а очите на сликата гледаат арабеска на универзална емотивна убавина, радост, тага, осаменост или разочарување“, се вели во анализата на Новески.

Сликарката имаше голем број самостојни и групни изложби во Македонија и во странство, додека изложбата „Очите гледаат се“ е нејзино прво авторско претставување во Белград.

Претходна вестДемирхисарец завршил на психијатрија, го претепал својот татко
Следна вестМаск: Сорос го мрази човештвото