Денови на словенечка култура во Кинотека

Од вчера па до утре кинотека организира денови на словенечката култура. На репертоарот во сите различни денови се ќетири словенечки филма.

Денеска ќе бидат прикажани два филма. Од 18 часот е филмот „За душа“ во режија на Матјаж Клопчич, според истоимениот роман на Бено Зупанчич, снимен во 1969 година. Настаните се случуваат во Љубљана за време на Втората светска војна и окупацијата од италијанската фашистичка војска. Од 20 часот утре ќе биде прикажан и „Долина на мирот“ од 1956 година, во режија на Франце Штиглиц кој е, исто така, за Втората светска војна, на границата на Словенија и Австрија.

Деновите на словенечката култура се подготвени во соработка со Словенечкиот филмски архив, Словенечкиот филмски центар, Амбасадата на Словенија и Словенечкиот културен центар во Скопје. Влезот за посетители е слободен.