Денови на современиот јапонски филм во Кинотека

На 29 октомври почнуваат Денови на современиот јапонски филм што ќе се случуваат во Кинотека.

Почнувајќи од оваа дата па се до 1 ноември посетителите ќе имаат можност да видат четири интересни наслови наменети за сите возрасти. На пример семејната драма „Гласот на учителот“ со т.н. ракуго филозофија на раскажување приказни, преку епската мелодрама „Ошин“, која е филмска адаптација на мегапопуларната ТВ серија, атрактивната анимација во „Рудолф црниот мачор“, како и акционата комедија „Самурај мачка“.