Десетгодишно дете вчера попладне било прегазено на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“ улица во Скопје. Возачот со своето возило марка „Мерцедес“ избегал од местото на несреќата, додека околните минувачи се обидувале да и помогнат на жртвата.
Неуспешен бил обидот и на Брзата помош да му ја поврати свеста на момчето, па откако е превезено во Ургентниот центар, лекарите констатирале смрт.
Неколку часа по несреќата, полицијата соопшти дека го пронашла дваесет и едногодишниот возач кој избегал од местото на несреќата, а сега се сомничи за кривично дело тешки дела во сообраќајот со смртни последици.