Дете повредено во приватна градинка, родителот не бил информиран па пријавил во полиција

Дете е тешко повредено во една скопска приватна градинка откако негователка паднала додека го носела, соопшти денеска полицијата.

На 06.08.2022 во 21:50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17:00 часот откако го земал неговото дете од приватна детска градинка на бул.„Илинден“ забележал дека со детето нешто не било во ред.

-Според пријавеното, тој контактирал со градинката и го известиле дека една од вработените додека го носела детето се сопнала и паднала, за што го информирале управителот, но не и родителите. Во приватна болница во Скопје била констатирана тешка телесна повреда кај детето, се наведува во соопштението.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестПочина жената од Неготино, која беше претепана од нејзиниот партнер
Следна вестИ денеска многу топло, ќе залади од среда