Деца во Охрид украле 14 велосипеди

Тешка кражба на 14 велосипеди во Охрид заврши со кривична пријава за пет лица од овој град, од кои четврорица се малолетни на возраст од 15 години.

„Пријавените, тешките кражби ги извршиле од 21 јуни до 17 ноември на разни локации во Охрид, кога во згодни прилики одзеле 14 велосипеди, дел оставени необезбедени, а дел одземени откако со подесен алат ги отстранувале безбедносните бројчаници и сајли“, информираат од МВР.

На тој начин, тие се здобиле со противправна имот корист во вкупна вредност од 206.018 денари.

Претходна вестТри лица повредени во тешка сообраќајка во Тетово
Следна вестМигранти од Куба нелегално влегле во земјава