Детската Клиника по третпат доби сертификат за акредитација за квалитет

Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за Детски болести – Скопје, успешно го заврши процесот за акредитација за стандарди и критериуми за квалитет на здравствена дејност, со што се стекна со сертификат со важност од три години, информираат оттаму.

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи (АКАЗУМ), на крајот на минатата недела го додели сертификатот за акредитација на Медицинскиот директор Валентина Цвејоска Чолаковска и на Организацискиот директор м-р Аркин Јахији, како и на членовите на тимот на Клиниката кои макотрпно во изминатиот период работеа на создавањето и на одржувањето на стандардите за реакредитација на оваа здравствена установа.

Ова е трета акредитација по ред на ЈЗУ Универзитетска клиника за Детски болести – Скопје, инаку втора со период на важност од три години. Со ова, нашата Клиника го потврди и го докажа унапредувањето на квалитетот на своето работење, создавајќи што е можно подобри услови, процеси и процедури во насока на третманот на детското здравје и на организацијата на медицинските услуги.

-Изразувам огромна благодарност до сите вработени кои максимално посветено и професионално работеа сите овие години да стигнеме до оваа цел, особено до членовите на тимовите и Комисијата за унапредување на квалитетот на здравствената дејност, посочи доц. д-р Цвејоска Чолаковска.

Детската клиника беше меѓу првите три акредитирана здравствени установа во државата, откако пред десет години започна процесот на акредитација за квалитет на здравствени услуги преку АКАЗУМ.

Претходна вестДОМ до локалните избори ќе има в.д. раководство
Следна вест15 пожари на отворено во последното деноноќие, eден е се уште активен