Детската клиника во Козле доби донација од ТАВ Македонија

18

ТАВ Македонија донираше современа медицинска опрема на Детската клиника во Козле. Целта на оваа донација е да се поддржи персоналот на оваа државна медицинска установа во обезбедувањето на модерна дијагностика за младите  пациенти, бидејќи секое дете заслужува најдобар можен третман.
Генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, кажа дека оваа донација е дел од долгорочната посветеност на компанијата да биде партнер на општеството и двигател на позитивни промени.
„Денеска не донираме само опрема, туку и поддршка и грижа за најмладите”, рече Курт.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестФорум на тема „Да ги спасиме младите од зависностите“
Следна вестМицкоцски: Вложуваме во здравството како никој досега, убеден сум дека наскоро граѓаните ќе почуствуваат дека се нудат конкурентни и квалитетни услуги