Девет Кубанци спречени при обид нелегално да одат на „одмор“ во Грција

Спрешен обод повеќе лица нелегално да ја поминат границата меѓу Македонија и Грција. Имено, вчера околу 03.00 часот кај Граничен камен 59 на државната граница со Република Грција, полициски службеници од Полициска станица Богородица ги лишиле од слобода М.М.Ј.(37), Р.Ј.Л.Д.Л.К.(24), М.Р.А.(31), М.К.Ј.А.(29), Ч.Л.Е.(28), К.Ч..Л.(39), О.М.М.(43), Г.Д.Ј.Р.(33) и М.Р.А.(43), сите од Куба. Тие биле спречени при обид нелегално да ја преминат државната граница од нашата држава во Република Грција, надвор од граничен премин, соопшти полицијата.

Додаваат дека од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи Југ“ бил известен судија од Основниот Суд во Гевгелија, од чија страна им била изречена парична казна и им биле издадени решенија за протерување од државата.