Деветмина возачи поминале на црвено, осуммина зборувале на мобилен телефон…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните сообраќајни контроли на скопското подрачје.

-Иречени се и девет мерки за возење без возачка дозвола, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за недавање на првенство на минување на пешаци…, се наведува во информацијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестСо кого ќе дебатира Маричиќ за евентуални уставни измени?
Следна вестМакедонските ракометари на мегдан со Алжир во Президент купот