Деветнаесетгодишен возач удрил двајца пешаци, едниот е тешко повреден

Двајца пешаци удрени со автомобил во Скопје. Имено, деветнаесетгодишен скопјанец синоќа на крстосницата од улиците „Војдан Чернодрински“, „Славеј Планина“ и „Кримска“ во Скопје, со автомобил „Фиат Пунто“, удрил во пешаците А.Ш.(44) и Х.Ш.(18).

Од силината на ударот, едниот се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди. Тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот Центар, каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се уште не се соопштени причините за оваа тешка сообраќајка.