Девојка потешко повредена, паднала од мопед

Дваесет и деветгодишна жителка на Гевгелија вчера потешко се повредила откако паднала од својот мопед. Според информацијата од СВР Струмица, вчера во 14:10 часот било пријавено во Полициската станица во Гевгелија дека гевгеличанката управувајќи мопед „кимко“, изгубила контгрола и со мопедот паднала на коловозот.

Заради сериозноста на повредите била пренесена на лекување во струмичката болница, а увид на местото на местото на сообраќајката извршила екипа на полицијата од Гевгелија.

Претходна вестБројот на претплатниците на мобилната телефонија – 1.932.608 го надмина бројот на жителите – 1.836.713
Следна вестДрогиран спиел зад волан додека полицијата го бркала неговиот автомобил