Џабе се нови правилници за кафеаните, ако инспекторите пак се „слепи“

Доаѓа пролетта и кафанџиите се распостилаат низ Скопје. Некаде дозволено, некаде недозволено… Општина Центар со нов правилник сака да воведе ред кај кафаните кои ги узурпираат тротоарите и пуштаат прегласна музика до доцна во ноќта. Општинскиот Совет наскоро ќе изгласал, инспекцијата да може и до една година да им забрани поставување на маси и столчиња, ако ги пречекориле обележаниот простор или ако пуштаат музика по дозволеното. Новина е и тоа што ќе се бара согласност од 51 процент од станарите за да се отвори ново кафуле во нивната зграда.
Добро е што ќе има ваков обид за воведување ред. Но зарем и до сега немаше правилници и закони кои требаше да воведуваат каков-таков ред? Е зошто ако има регулативи, статистиката покажува дека 90 проценти од околу 400 угостителски објекти ги пречекорувале границата за поставување на столови и маси?
Главниот проблем, сепак, е контролата на терен и санкционирањето на узурпацијата. Досега, јавноста не слушна дека 90 проценти од кафанџиите кои направиле узурпација биле казнети, макар и по 100 евра.
Инспекторите ако бидат повторно „слепи“ џабе се и новите правилници.