ДИЦ: Штрајкот се става во мирување по насилните мерки и притисоците на министерот Шаќири

Во мирување е ставен штрајкот на вработените во Државниот испитен центар. Вработените денеска испратија соопштение во кое наведуваат дека одлучиле да ја одложат борбата за своите права во корист на матурантите.

Во Порака до матурантите тие укажувата дека ангажирањето на надворешни лица ќе ја доведе во рпашање валидноста на матурата.

-Насилните мерки и притисоци на министерот Шаќири со обид да внесе надворешни лица во процесот на државната матура – процес кој е со висок степен на тајност, ќе ја доведе во прашање валидноста на тестирањето и резултатите од матурата. Вработените во Државниот испитен центар, како експерти во областа и лица со висок интегритет и чувство за општествена одговорност, одлучија да ја одложат борбата за своите права за достоинствен живот во корист на вашата иднина. Со ова известување штрајкот се става во мирување!, се наведува во соопштението.

Во „Порака до министерот за образование и наука“ тие наведуваат дека намерата на министерот ќе ги оштети матурантите.

-Вашите досегашни обиди за решенија на проблемот, а со тоа и ветувањата кои им ги дадовте на матурантите во медиумите се спротивни на одредбите на Правилникот за процедури за тајноста на подготовката, печатењето, дистрибуцијата, чувањето и оценувањето на испитниот материјал, донесен од министер за образование и наука од 31.3.2014 година. Со Вашиот обид да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе бевте тој што ќе ги оштетеше матурантите!, стои во соопштението на ДИЦ.

Претходна вестКошаркарите на Вардар се враќаат меѓу прволигашите
Следна вестКонечно Владата се осмели да му каже НЕ на Брисел, ама…