Дигање тегови ќе гледам, ама вести не гледам!

Откако почна зимската олимпија не сам гледал вести на телевизија. Целото време шо га поминувам пред телевизор ми е резервирано за белио спорт. Така уживам, се одушевувам на асли спортисти  и се одмарам. Е сега, да не помислете дека ногу уживам…, не бе пријатели, жена ми не ми дава долг термин пред телевизоро. И она сакала да гледа ТВ – ама нешо друго. Како на пример филм. Не гледа вести, вика многу са навивачки и нема за многу проблеми шо стварно гу мучат Македонија.

И така, немам шо да ви кажам за вестите ново. У ствари можам да ви кажам и без да ги гледам прибидејќи скоро сите македонски вести ништо не менуват. Еве вие исправете ме ако грешам – сигурно има и овие денови исто: прес на Владата дека економијата им е најважна тема и дека добро гу водат, после има дека парламентарците ногу седници и точки важни за земјата разгледале, па има дека наш министер бил у некој европски град да протегне нози, после има прилогче дека ЕУ многу не сака и за влакно не ни даде овој пат „датум“ и после има како САД и кажаа на Русија дека ако гу нападне Украина ќе и стегне санкции. На крајот има малку спорт, понекат се сетат и на домашен и кога ќе дадат снимка од некој наш стадион не знаеш полјанка ли е игралиште ли е, ама никад нема прилог зашто е така и што праве државата таа рабата да гу поправе…

Е како да сакам да ги гледам. Па и да нема олимпијада, ќе си гледам ако треба и дигање тегови, (море ако треба и сам тегови ќе дигам) ама сериите пардон вестите на најголемио број од македонските ТВ уредници не ги гледам. Ај добро де, мош чат – пат ќе ги гледам, чисто за да знам пробиват ли га дното уште надоле или конечно ќе се одлепат од нега.

Претходна вестПланирањето на сообраќајниците е свртено кон автомобилите, а за пешаците…
Следна вестМВР: 204 сообраќајни прекршоци во Скопје, 65 за брзо возење