Дигитална промоција на е-книга на студентката Миа Николоска

Драмски текстови спакувани во едно е понудата достапна како интернет промоција последниве 3 дена, заклучно со утре овој пат на авторката студент на драматургија, Миа Николоска.

Како што соопштуваат организаторите, промоцијата за домашната публика на македонски јазик може да се следи на линкот https://www.youtube.com/watch?v=LStcrWs3wKc&t=7s

-Миа Николоска има 19 години, таа е студент на Одделот за драматургија, драмско пишување и сценаристика на ФДУ Скопје. Миа развива своевидна Драматургија на мирис и одор – драматика на миризливото и смрдливото. Таа поседува извонреден талент и луцидност за создавање контекстуални нови термини, кованици и неологизми – додадена вредност кај драмските автори, се наведува во соопштението.

Проектот го поддржува македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, како што појасни, во насока на истакнување и развој на уметноста на современата домашна женска драматургија и драматика.