Вкупно 2,954 македонски иселеници се пријавиле за гласање во странство на претстојните претседателски и парламентарни избори, од кои 2,610 пријави се прифатени.
– За да биде отворено едно гласачко место ДПК или Конзуларна канцеларија на нашата држава во странство треба да бидат пријавени најмалку десет гласачи, изјави Гугучевска.
Гласањето во дијаспората ќе се одржи само за претседателските избори поради недоволниот број пријавени за парламентарните избори. Според правилата, за да се отвори гласачко место во странство, потребно е да се пријават најмалку десет гласачи.
-За овие избори овој број е 5.355. Значи, најмалку 5.355 гласачи треба да има вкупно регистрирани во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство за да може да бидат, пред се, организирани вакви избори. А најмалку, исто така 5.355 гласачи би требало да гласаат за еден кандидат за тој да биде избран, појасни Гугучевска.
Најмногу пријави за гласање има од иселеници во Германија, следени од Словенија и САД. Изборите ќе бидат организирани во 24 земји на 24 април, со можност за втор круг на 8 мај.