ДИК утре ќе доделува уверенија на избраните пратеници

Државната изборна комисија утре ќе одржи седница на која ќе се донесе заклучок за објавување на конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори.

По завршувањето на оваа седница, ќе следи свечена седница на која ќе се доделуваат уверенијата за избраните пратеници.

Претходно денеска, Управниот суд ги одби сите тужби од политичките партии за изборите и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија.

Претходна вестЧулев прифати најстрога дисциплинска мерка за својот советник кој нападна началник
Следна вестТалат Џафери хоспитализиран на Инфективна