Темно Режим Светло Режим

Димитриеска – Кочоска: Доверба во економските политики – ‘Стандард и Пурс’ ја потврди оценката на Македонија

Агенцијата „Стандард и Пурс“ ја потврди кредитната оценка на Македонија на ‘BB’ со стабилни изгледи, што, според министерството за финансии, е јасен сигнал за доверба во економските политики и фискалната стабилност на земјата.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска ја оцени потврдата како резултат на одговорно управување со јавните финансии, умерен јавен долг и континуирано сервисирање на обврските, дури и во услови на глобална економска неизвесност.

Агенцијата во својата анализа ги нотира и заложбите на Владата за забрзување на економскиот раст, поддржан од јавните инвестиции и инфраструктурни проекти.

„Продолжуваме со политики насочени кон раст, стабилност и подобар животен стандард, со јасен фокус на институционални реформи, владеење на правото и борба против сивата економија“, изјави Димитриеска – Кочоска.

Министерката истакна дека ова е важен сигнал и за инвеститорите дека Македонија е стабилна и одговорна економија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Прилеп лидер во селекцијата на отпад, подготвен за старт на Регионалната депонија

Следниот Пост

Божиновска: Жените се клучен мотор на енергетската транзиција