Диви копачи вршеле нелегален ископ на земјиште со украден багер

Кривични пријави за седум лица кои нелегално вршеле ископ на земјиште, кое било под заштита.

Д.Х.К.(38), С.М.(39), И.П.(48), Д.П.(34), Ц.М.(33), Д.Т.(41), сите од Прилеп и Т.Д.(46) од Кавадарци, извршиле кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

На 27.04.2022, пријавените со багер, кој претходно бил пријавен за украден, отишле на археолошкото наоѓалиште во атар на село Горно Село, на место викано „Големи камења“, каде што дел од нив вршеле ископ, а дел од групата чувале стража.

Претходна вестКомеморација за депортираните Евреи од Штип: Злосторството кое не смее да се заборави
Следна вестКривична пријава за родителите на 16-месечното бебе од Струга