Дизелот поевтин за 1,50 денар, бензините за 0,50

Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/литар. Со ова малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ ќе изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В), се намалува за 1,50 ден/литар и со тоа малопродажната цена на ова гориво ќе изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,649 ден/кг и ќе чини 38,130 ден/кг.

 

Претходна вестКремљ им порача на руските функционери да не користат Ајфони
Следна вестСи во Москва: Спремни сме заедно со Русија да го браниме светскиот поредок заснован на меѓународното право