Дизелот поевтинува за 3 а бензините за 2 денари по литар

Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,77 отсто, денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Со одлуката, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалува за 3,00 ден/лит, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/литар а на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,567 ден/кг и сега ќе изнесува 47,622 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 91,50 (денари/литар),  бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 93,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 88,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 47,622 (денари/килограм).