Дизелот поскапува за еден денар, бензините остануваат по иста цена

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36%, при што за еден денар се зголемува цената на дизелот и на маслото за домаќинство, а цената на бензините останува непроменета.

Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по 95 денари/литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 по 97 денари/литар, а дизелот ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) ќе чини 86 денари/литар. Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) ќе чини 84,5 денари/литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,323 ден/кг и сега ќе изнесува 54,640 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,807 процент, кај дизелот за 3,943 отсто, кај екстра лесното масло за 3,308 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 1,135отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,602 отсто.

Претходна вестЧетири лица се повредени во пожарот во Тетово, на граѓаните им се препорачува носење на заштитни маски
Следна вестИгралиштето во ОУ „Киро Глигоров“ нема да се дава под закуп