Темен режим Режим на светлина

Дизни „Фантазија“ во Македонската филхармонија во петок

„Фантазија” е насловен овогодишниот традиционален концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи на отворено во Градскиот парк во петок, на 13 јуни, со почеток во 20.30 часот.

На програмата ќе биде музиката од анимирани филмови од продукцијата на „Дизни”, а диригент е Тимоти Редмонд од Велика Британија. Како солисти ќе настапат сопранистката Биљана Јосифов, тенорот Денис Димоски и бас баритонот Иван Наумовски.

-Како што веќе знаете, оваа година на концертот во Парк насловен „Фантазија” ќе се изведе музика од најубавите анимирани филмови, преку избор на композиции од „Малечката сирена”, „Убавицата и ѕверот”, „Херкулес”, „Покахонтас”, „Аладин”, „Книга од џунглата”, „Снежно кралство”, „Кралот лав”, „Приказна за играчките”… Насловот на концертот е извлечен од истоимениот анимиран филм „Фантазија” во кој дејстивието се гради на осум класични музички дела во изведба на Филхармонискиот оркестар од Филаделфија под диригентската палка на Леополд Стоковски, изјави Мустафа Имери, директор на Македонската филхармонија.

Што се однесува до програмскиот концепт, тој е наменет за широк круг на публика, музиката од овие филмови е безвременска, како што се и самите филмови со кои израснаа, и се уште растат новите генерации, нагласува Имери.

Музичката изведба ќе биде надополенета и со видео фрагменти од филмовите и со специјално осветлување кое на публиката ќе и понуди уште едно незаборавно доживување под отворено ѕвезедено небо со оркестарот на Македонската филхармонија. Светот на Дизни е полн со фантазија и фантастична музика, вели диригентот Тимоти Редмонд од Британија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ново македонско противпожарно возило

Следна објава
Курти по третпат премиер на Косово

Владата на Косово е подготвена да го прифати барањето на САД за прием на странски државјани