Темен режим Режим на светлина

Дневен пресек ковид-19: Седум починати и 416 новозаразени – во Скопје 2.818 активни случаи

Во изминатото деноноќие, седум лица починаа од ковид-19, а регистрирани се 416 нови заразени со корона вирус од направени 2.705 тестови, соопшти попладнево Министерството за здравство.

Од починатите, тројца се од Скопје (61г, 66г, 86г), двајца од Струга (53г и 73г) и по еден смртен случај од Охрид (69г) и Кавадарци (84г), сите во болнички услови.

Од новите 416 случаи со ковид-19, најмногу се од Скопје – 186 заразени лица.

Регистрирани се и 278 оздравени пациенти.

Со ова вкупно во нашата земја од почетокот на епидемијата ковид-дијагностицирани лица се 96.152, а починати се 2.966. Во моментов има 6.064 активни случаи, од кои 2.818 во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ОЈО: 36 лица во мрежата со издавањето возачки дозволи со лажни податоци

Следна објава

Преписка ВМРО-ДПМНЕ/Влада: Зошто Спасовски и Маричиќ немаат безбедносен НАТО - сертификат?