Дневна ковид- статистика: 27 нови пациенти примени во Скопје

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 658 и има околу 415 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Од нив 254 се во Скопје, каде во изминатите 24 часа се примени 27 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Најмногу од примените во Скопје се на интерните клиники – 10, потоа во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ – 9, три на Инфективната клиника и во Козле биле примени 5 пациенти.

Во изминатите 24 часа, во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 404 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Претходна вестПавле Трајанов: Системот не функционира, Владата е загрозена, вината е кај Заев
Следна вестДоживотен затвор за извршителите на петкратното убиство кај Смилковско езеро