Од вчера тече рокот за избор на македонска порака по повод Светскиот ден на театарот, 27 март. Македонскиот центар „ИТИ/продукција“ вчера го отвори конкурсот што ќе трае до 15 јануари.
До тогаш предлозите треба да се испратат на електронската пошта „[email protected]“, со назнака „За Светскиот ден на театарот 2022“.
-Секоја институција, организација е поканета да предложи по еден театарски уметник – актери, режисери, драмски автори, драматурзи, театролози, костимографи, сценографи со име и презиме, фотографија и кратка биографија на предложениот уметник, соопштија од Македонскиот центар.