До 17 часот излезноста на гласање е над 41 проценти од обработените 60-тина проценти

Освен на редовните прес конференции на Државната изборна комисија, податоци за одзивот на гласачите на годинешниве локални избори може да се видат и на нејзината официјалната веб страница. Според последните податоци објавени на веб страницата на ДИК, до 17 часот правото на глас го оствариле над 40 отсто од гласачите. Oдносно, гласале 41,31 % според обработени 58,95% проценти од податоците.

Досега вкупно гласале 444.318 гласачи. Како што велат во ДИК пријавени се повеќе нерегуларности за нарушување на избирачкото право, кои се разгледуваат благовремено. Инаку, како што соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, членови на Избирачки одбор самоиницијативно носеле одлуки да не ги користат уредите за отпечаток на прст и гласањето го спроведувале по стариот начин, односно со користење на УВ ламба и спреј.

ва се неофицијални податоци кои телефонски биле кажани на ДИК и дека ако се утврди дека се вистинити, на овие места гласањето може да биде поништено, рече Даштевски.

Освен до ДИК и МВР, граѓаните за изборни нерегуарности можат да се обратат и до Јавното обвинителство, Народниот правобранител, ОБСЕ, Хелсишкиот комитет. Од МВР се очекува да се произнесат од МВР и за пријавата од Американската амбасада. Имено, претставници на оперативниот штаб на Амбасадата на САД утрово до Обвинителството пријавиле дека добиле дојава дека 83 лица што биле постојано осудувани за кривични дела, а кои се на слобода, добиле огнено оружје за да го попречат изборниот процес. Понатаму се наведува дека друго лице – познат сторител на кривични дела поседувал оружје и дека на денот на изборите ќе изврши кривични дела. Овие случаи се проверуваатод Министерството за внатрешни работи.

До ДИК изборни нерегуларности пријавиле од СВР Скопје, Охрид, Битола, како и од Основното јавно обвинителство во Скопје.