До 25 јуни трае конкурсот за најдобра необјавена песна „Празник на липите 2021“

Традицијата продоллжува, па до 25 јуни е отворен конкурсот „Празник на липите 2021“ за најдобра необјавена песна – што го распишува Друштвото на писатели на Македонија.

ДПМ ги покани сите свои членови да испратат своја песна на електронска пошта: prazniknalipite@gmail или по пошта на Максим Горки 18, 1000 Скопје, во четири примероци.

Пожелно е кандидатите да испратар и видео од сопствената интерпретација на песните, за да може пријавените песни да бидат објавувани во електронските медиуми во текот на конкурсот. Прогласувањето се планира да се одржи следниот месец.

Претходна вестСрбија пак не спасува: викендов стотици Македонци одат во Врање на вакцинирирање, Македонија пак е во криза
Следна вестУживајте во денешиот ден, утре дожд