До ДИК пристигнале 48 приговори за кршење на избирачки права

Гласањето тече добро во поголемиот дел од избирачките места, но на одредени места се појавиле проблеми, соопшти претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Како што информираше до ДИК стигнале вкупно 48 приговори.

До 12.30 часот до ДИК се стигнати 48 приговори за заштита на избирачките права. Од нив 26 се прифатени, 4 се одбиени поради неисполнување на условите и 18 се уште во обработка, рече претседателот Даштевски нагласувајќи дека приговорите ќе бидат јавно објавени.