До казни вчера стасаа 157 пешаци

За само пет часа во текот на кои МВР вчера вршеше зајакната контрола на движењето на пешаците беа изречени дури 157 казни.

МВР денеска информира дека контролата била вршена во текот на вчерашниот ден, во периодот од 09.00 до 14.00 часот.

– Од 157 пешаци, 140 се санкционирани за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин. За време на контролата санкционирани се и 122 други видови на прекршоци, известуваат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестСамо да не биде како со учебниците: МОН подготвува препораки за спречување на врсничкото насилство
Следна вестДве лица каснати од кучиња во Кисела Вода