Добро е, МЗТ почна да победува во АБА-лигата

Кошаркарите на македонскиот првак, МЗТ Скопје Аеродром синоќа ја забележа втората победа во регионалната АБА-лига. Аеродромци ја совладаа Мега МИС со 94:82.

Добро е по неколку порази по ред, МЗТ Скопје сега ги израдува своите симпатизери со триумф во силната јадранска лига. Најефикасни во победничкиот состав беа Бре Ајви со 15 поени, четири скока и шест асистенции беше лидер и Кафи кој постигна 14 поени со осум асистенции, а добар беше и Војдан Стојановски.

Задоволен од играта беше и тренерот на МЗТ, Александар Петровиќ. Тој истакна дека неговиот тим играл добро и дека имал контрола на целиот натпревар.

– Тоа што се договоривме, момците го испочитуваа. Пак малку затаивме во првото полувреме во скокот. Но, со добра игра го регулиравме скокот во вториот дел, поспчи топј по натпреварот.

Следен противник на МЗТ Скопје во јадранската лига е Игокеа. По осум натпревари „штрковите“ се на 12-то место на табелата со две победи и шест порази.

Претходна вест953 возачи казнети за брзо возење, се возело и 70 километри на час повеќе од дозволеното
Следна вестБорел: Војната во Украина може да се замрзне како во Кореја