Последните статистички податоци покажуваат дека бројот на странски туристи во Македонија пораснал. Во 2025 година се зголемил за околу 10 отсто во однос на претходната година. Лани Македонија ја посетиле над 900.000 странски туристи.
Добро е тоа, но дали треба да е повод за славење или пак фалење? Македонија се уште многу заостанува зад своите соседи во туризмот.
Голем е просторот каде треба да има подобрување на туристичките понуди. Од рурален, еко и вински туризам, преку убавите езера и раскошните планини, до историските и културни локалитети и традиција, сето тоа треба да се среди, оплемени и рекламира.
За тоа потребна е стратегија и план, но и инвестиција. Добро е што и премиерот Мицкоски пред некој ден кажа дека туризмот ќе биде еден од приоритетите на сегашната влада, добро е и што туризмот се крена на ранг на министерство. Но, не е добро ако во новото Министерство за култура и туризам, токму туризмот биде ставен на поспор колосек и само да се задоволува дека странците малку повеќе од лани не посетиле. Многу поголеми треба да бидат бројките, а пред тоа треба многу повеќе и да се одработи за тие да се зголемат.



