Додека го чекаме ЈП „Лајка“ уште две лица каснати од кучиња скитници

Две лица се искасани од кучиња-скитници во одвоените напади кои што се случиле вчера на подрачјата на општините Ѓорче Петров и Кисела Вода.

Прво, во утринските часови на улицата „Борис Сарафов“ било каснато лицето Е.М. (55 години) од Скопје при што се здобило со повредата во пределот на десната нога. Околу 11 часот, пак, 60-годишниот В.К. од  Скопје пријавил дека во К. Вода бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Ова се нови случаи на каснувањата кои што се случувата во периодот додека се уште се чека на отворањето на стационарот „Вардариште“ и на ЈП „Лајка“ кои што градските власти ги најавуваат со месеци.