Додека македонската молчи, бугарската влада ги зголемува паричните средства за здруженијата во соседството

Во Македонија никнуваат бугарски здруженија додека Владата молчи. Денеска излезе и нова информација: бугарската влада одобрила 400 илјади евра за поддршка на нивните здруженија во Албанија, Србија, Косово, Молдавија и граѓаните на Македонија со бугарски идентитет.

Веста ја сподели заменик министерот за надворешни работи, Костадин Коџабашев, без да ја прецизира целосната сума пари за нивните активисти во Македонија.

Од 2020 година, без малку, двојно е зголемена помошта на официјална Софија за здруженијата во другите земји. Таа година се двоеја 250.000 евра, за 2021 година биле поддржани 40 проекти, а сумата е зголемена на 300.000 евра.

Претходна вестСакале да се офајдат со продажба на 7000 кг цвет од канабис, завршја со кривични пријави
Следна вестДина Дума доби две награди на Сараевскиот филмски фстивал