Доделени наградите „13 Ноември“

100

На свеченост што се одржа во Македонската филхармонија, скопската градоначалничка, Данела Арсовска им ги врачи на добитниците наградите „13 Ноември“ за придонес во развојот, севкупниот напредок и афирмација на градот Скопјe.

Од областа на науката добитник на наградата 13 Ноември е проф.д-р Драги Митревски – за посебен придонес во истражувачката научна и едукативна дејност поврзанa со Скопје, како и со меѓународна афирмација и популаризација на културното и историско наследство на Скопје, од областа на науката допбитници се Ана Мартиноска и Жарко Иванов за научната книга „Тажачките песни од скопскиот земјотрес во 1963 година (од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“, која претставува особено значајно остварување во областа на науката и книжевноста со обемна архивско документаристичка вредност врзана за Скопје и скопскиот земјотрес како еден од клучните мигови од културната меморија на градот. Во областа на публицистиката, наградата му беше врачена на Реџеп Златку – за долгогодишни остварувања и севкупен значаен придонес во областа на публицистиката, новинарството и литературата во градот, Македонија и пошироко, додека од областа на образованието и воспитанието наградата ја доби Светлана Јосифоска – за континуирани долгогодишни постигнувања во наставните и воннаставните активности и афирмација на градот. Наградата 13 Ноември, во областа на културата ја доби, Toшо Филиповски  -за повеќе од триесетгодишна творечка и континуирана работна целина која ја покажува еволуцијата на македонската рок музика, како и на македонската култура, додека во областа на уметноста проф. Симон Шемов – за повеќегодишни континуирани достигнувања и придонеси во развојот и промовирањето на ликовната уметност.

Наградата од областа на здравствената заштита му беше врачена на проф.д-р Никола Јанкуловски – за долгогодишен придонес во унапредувањето на здравствената заштита, особено во хирургијата каде со воведувањето на иновации во техниките се остваруваат значајни напредоци и со својата посветеност придонесува во унапредувањето на клиничките и во академските практики, додека од областа на социјалната заштита, Стоматолошки факултет Скопје за посебен придонес во заштитата и унапредувањето на денталната медицина, особено во доменот на бесплатни стоматолошки услуги за децата од социјално-ранливи категории. Во областа на техничката култура, наградата им беше врачена на проф. Даме Димитровски-ментор на тим и Димитар Алжуровски-тим лидер, студент за историско достигнување на тим од млади студенти кои самостојно проектираа, дизајнираа, конструираа и изработија сопствен тркачки автомобил во стилот на Формула 1.

Меѓународно признание Кинга Нетман Мултановска за книгата „Варшава го исцртува Скопје“ што остава длабока трага во документаристиката за Скопје и дава посебен придонес за развојот на градот и неговиот севкупен напредок и афирмација во светот.

Претходна вестЗаврши поставувањето на новите топловодни цевки под мостот „Беласица“
Следна вестИсторија, Географија, Биологија, Физика и Хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети во основните училишта