Додик положи заклетва

Новоизбраниот претседател на Република Српска, Милорад Додик денеска положи заклетва во Народното собрание на Република Српска.

Тој истакна дека е горд на победата и им се заблагодари на граѓаните за поддршката.

Додик исто така наведе дека во наредниот период клучна политика ќе биде борбата за стабилност и мир

Го користам овој ден да ги поканам сите да не прифатат како партнери за прашањата важни за РС, посочи Додик.

Заклетва положија и потпретседателите на РС, Хрватот, Давор Прањиќ и Бошњакот, Ќамил Дураковиќ.

Претходно, новоизбраната српска членка во Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, положи заклетва во Парламентот.

Цвијановиќ утре ќе положи заклетва и во Претседателството на БиХ, каде избрани се и Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.

Претходна вестНационалните радио станици нема да плаќаат надоместок за дистрибуција на сигнал за 2022 година
Следна вестАкција на МВР: Приведен разбојник од Скопје!