Додик симнат од американската црна листа

10

Американската администрацијата го симна од црната листа поранешниот
претседател на Република Српска, Милорад Додик. Од списокот на
санкционирани се отстранети и 28 други лица и фирми блиски до Додик.

Причините за укинувањето на санкциите не се наведени во одлуката, но таа
следува откако Додик го прифати неговото разрешување од функцијата
претседател на Република Српска.

Додик веднаш му се заблагодари на Трамп и рече дека оваа одлука е
морална рехабилитација на вистината за Република Српска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестКилограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинките, кажа Трипуновски
Следна вестПутин до Зеленски: Два града ти се опколени, време е да донесеш одлука