Договорот за платите сега ќе чека вторник

Иако се очекуваше, договор за износот на покачување на платите на вработените во образованието и во детската заштита не беше псотигнат на денешната средба помеѓу претставниците на СОНК и министерот за образование Јетон Шаќири. Министерот Шаќири попладнево информираше дека договор, сепак, ќе има.

-На почетокот од наредната недела, понеделник или вторник ќе имаме конечен договор. Позитивно е што се отворија многу дискусии и околу колективните договори и мислам дека ќе имаме нов колективен договор. Вака ќе продолжиме и после преговорите со СОНК, рече министерот пред новинарите.

Според него, ставовите се доближуваат.

-Се разгледуваат сите можности. Ние имаме добра волја за изнаоѓање решение. Знаеме во која фаза сме за реализација и подготвка на буџет. Многу блиску сме до решение. Не сакам да спомнувам процент. Сакам ова да е последен штрајк со прекин на настава, кажа Шаќири.

Лидерот на СОНК Јаким Неделков, пак, рече дека се разговарало за процентот за којшто би се зголемиле платите. На прашањето дали СОНК би бил задоволен со процентот од 15 отсто тој одговори дека „не може да шпекулира“.

-Идната недела мора да завршиме а дали штрајкот пак ќе биде активиран ќе зависи од резултатите на преговорите, рече Неделков.

Претходна вестКовачевски ја видел снимката од парламентот, ама на неа ништо не се гледало
Следна вестСо закана со нож ја ограбиле спомен куќата на Мајка Тереза