Дојавите за подметнати бомби никако да запрат: Евакуации во „Георги Димитров“,  „Никола Карев“, „Корчагин“, „Панче Караѓозов“…

Нови дојави за подметнати бомби попладнево се примени во повеќе скопски средни училишта. Околу 15 часот вакви електронски пораки се добиени во скопските гимназии „Ѓеорги Димитров“, „Никола Карев“, „Раде Јовчевски – Корчагин“, средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, како и повеќе други.

Во сите овие училишта веднаш е извршена евакуација на учениците и на наставничкиот персонал. На терен се излезени полициски екипи кои веќе започнаа со проверките.

Вчера имаше лажни дојави во дури 19 училишта низ земјата.

Претходна вестГерманскиот Црвен крст: Се повеќе луѓе бараат помош од нас
Следна вестКомисија за 10 дена ќе решела што ќе се прави со учебникот полн со грешки