Доколку се прифати францускиот предлог ЛДП излегува од Владата

ЛДП ќе ја напушти Владата доколку таа го прифати францускиот предлог за решавање на македонско-бугарскиот спор во верзијата каква што е предложена. Ова го објави Горан Милевски, партиски лидер, по синоќешната седница на партискиот Извршен одбор.

Ова партиско тело синоќа го отфрлило францускиот предлог кој циркулира во јавноста.

-Бараме да се достави на увид на министрите и пратениците и да се отвори дебата по истиот. Очекуваме сите политички чинители да ја отфрлаат оваа верзија. Ги детектиравме сите слабости на предлогот и очекуваме нивна корекција. Министерот и пратениците од ЛДП да се борат за ставовите на ЛДП и да ги заштитат македонските национални интереси, напиша Милевски во објавата на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Тој додава дека доколку сепак се прифати францускиот предлог во оваа верзија, Извршниот одбор има одлука, ЛДП да ја напушти Владата и за оваа одлука ќе побара согласност од Централниот одбор на партијата, доколку дојде до таа ситуација.

-Истовремено, ќе поднесам неотповиклива оставка од член на Владата, потенцира тој.

Претходна вестССМ на протест пред Владата, поставени 21 столче за секој министер
Следна вестПодновена хоризонтална сигнализација на скопските улици и булевари