Доктор Петровски од ИЈЗ: Електронските цигари се исто така штетни како и обичните цигари

1226

Електронските цигари се исто така штетни како и обичните цигари и за тие цигари треба да има посебни мерки, смета доктор Мартин Петровски, од Институтот за јавно здравје.

Во изјавата за телевизијата Канал 5 тој денеска рече дека електронските цигари имаат речиси исти штетни ефекти по здравјето на граѓаните како и класичните цигари.

-Тука луѓето се изложени на ефектот на пасивно пушење, како и кај класичниот тип на пушење. Истите ефекти се како и кај цигарите. Единствена разлика е што тие го загреваат, а не го согоруваат тутунот и не го испуштаат јаглеродот – моноксид. Останатите ефекти од никотинската зависност, од нарушувањето на здравјето што е поврзано со никотинот, се исти како и кај цигарите, вели овој лекар.

Според него, електронските циграри прават иста зависност како и класичните.

-Сега се прават некои истражувања да се докаже дека тие создаваат поголема зависност. На нивните етикети се уште немаме ознаки каква е нивната содржина и колку никотин има. Сето тоа треба да биде регулирано, но е во сива зона. Да се дозволи нивна употреба во затворени простории е поразително нешто, потенцира Петровски.

Инаку, и денеска министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека во јануари ќе има нови ригорозни мерки за намалувањето на пушењето.

-Според протоколите на СЗО, но и со истражувањата на медицината со превентива и намалување на конзумација на цигарите се намалува и бројот на одредени заболувања, рече тој.

Претходна вестАбердин треба да стори се’ за да го задржи Миовски
Следна вестТетовска епархија добила решение за отстранување на крстот на Попова Шапка