Долговите за вода може да се платат на рати без камата

На повеќе рати и без камата граѓаните од денеска можат да ги плаќаат своите долгови за неплатени сметки за вода кон
ЈП „Водовод и канализација“. Договорите за ова се склучуваат во просториите на ова градско јавно претпријатие со почитување на протоколите за заштита од ширењето на корона вирусот. Акцијата која се однесува за физички и правни лица е со определен временски рок, од 17.06.2020 до 31.07.2020. По истекот на овој период одлуката преставува да важи.
-Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на
секој клиент му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита – се вели во соопштението од ЈП„Водовод и канализација“– Скопје.

Претходна вестТројца приведени заради марихуаната, 20-годишник шетал со нож на „Пластичарска“
Следна вестШилегов ја најави „Лајка“, ќе запрат ли каснувањата на скопјани од кучиња –скитници