Дома имал 45 пакувања марихуана и вага, го посетила полицијата…

При претрес на дом откриена дрога. Имено, во Скопје приведен е 32-годишен жител на Делчево, во чиј дом била пронајдена дрога.

Полицијата информира дека при претрес извршен со наредба од Судија на претходна постапка во дом во Скопје каде што лицето престојува, пронајдени се 45 пакувања марихуана и една вага.

Д.Д. е приведен во Полициска станица Центар, а по документирање на случајот од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Претходна вестЕУ го забрани увозот на руската нафта со бродови, со цевководи може
Следна вестЗа чии образи зборува Пендаровски?