Лука Дончиќ стана првиот играч во НБА со 60 поени на еден меч

Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ, постави рекорд во НБА. Словенецот ноќеска на натпреварот против Њујорк стана првиот играч во историјата на лигата со 60 поени, 21 скок и 10 асистенции на еден натпревар.

Пред него, никој во лигата не успеа да постигне 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар.

Дваесет и тригодишниот Дончиќ во сезоната 2022/23 има просек од 32,8 поени, 8,3 скока и 8,7 асистенции по натпревар.

Кошаркарот е еден од главните претенденти за наградата играч на сезоната во НБА. Далас го доби натпреварот со 126:121 по продолжение.

Претходна вестВо Словенија се незадоволни од квалитетот на воздухот иако речиси никогаш не ја преминува границата на загаденост, а кај нас…
Следна вестМакедонската Армија доби нови 200 професионални војници