Дополнето: Пет лица се повредени во тешката сообраќајка во Ченто

Во тешката сообраќајна несреќа во Ченто пострадале двајцата возачи и тројца сопатници. Се уште не се соопштува тежината на нивните повреди.
Инаку, за потсетување несреќата се случила на патот на влезот во Скопје во населбата Ченто, синоќа околу полноќ.
На социјалните мрежи очевидци пишуваат дека двете возилата биле целосно уништени. Полицијата потврди дека двете возила кои биле уптравувави од млади лица биле со скопски регистарски таблички.