Вкупно 17 лица се уапсени од вчера до денеска за прославата на Денот на албанското знаме во Македонија. За четири лица во Скопје кажа дека се уапсени за сквернавење на македонското знаме.
-Четворица малолетници во Скопје се лишани од слобода, двајца поврзани со кривично правен настан кој беше споделен на социјалните мрежи, каде се кине знаме. Истите помагаат на сторителот кој го кине знамето, рече Тошковски.
Двајца малолетници се уапсени за симнување и палење на знаме од јарбол.
-Ќе има соодветна кривична постапка согласно закон, по насока на јавен обвинител“, додаде тој.
Три лица се уапсени во Прилеп, каде го сквернават албанското национално знаме.
-Еден од нив е малолетник, двајца се полнолетни лица. Имаше една снимка каде албанското знаме е спружено на земја и се гази со возило, а притоа, има лица кои помагаат, додаде Тошковски.
Во врска со извршено кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ по чл. 319 од КЗ, по повод организираната прослава на албанското знаме на плоштад Скендербег во Скопје, при што по завршување на прославата од страна на повеќе лица на неколку локации на бул. „Крсте Мисирков“, извршено е палење и кинење на државното знаме на РСМ, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, заедно со ЕИП, во врска со настаните лишени се од слобода осум лица.
Од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал преземени се оперативни мерки и активности, како и прегледи на видеоснимки од безбедносни камери и видеа објавени на социјални мрежи, при што е обезбеден доказен материјал и документирани се дејствијата на лицата Ф.И., Е.Д. и С. М.
Во координација со ОЈО Скопје против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ по чл. 319 од КЗ и се изнесени пред Судија за претходна постапка, од чија страна на истите им е одредена мерка притвор во траење од осум дена