Обидот на 21-годишниот јутјубер Танер Кук да се пошегува со доставувач во трговски центар во Вирџинија, САД, заврши ужасно, откако Кук заврши со куршум во градите. На видеото од инцидентот што се случил на 2 април, но било објавено додека судењето се одвивало минатата недела, Кук, кој го води каналот на Класифајд Гунс, се гледало како тој му се приближил на Алан Коли и му го доближил мобилниот телефон во лице.
Како што може да се види на видеото, доставувачот три пати му рекол на младиот јутјубер да престане пред конечно да извади пиштол и да го застрела еднаш, при што куршумот го погодил 21-годишниот ниско во градите.
Во тоа време, владеело паника бидејќи оние во трговскиот центар првично мислеле дека се работи за вооружен напад.
Доставувачот по апсењето добил кривична пријава за тежок напад. Меѓутоа, на суд Коли, кој легално го поседувал пиштолот со кој пукал во 21-годишниот, бил прогласен за невин по ова обвинение бидејќи тврдел дека тоа било во самоодбрана.
Наместо тоа, тој бил прогласен за виновен за помалку „сериозното“ обвинение за пукање за време на тепачка, но неговата казна ќе биде решена следниот месец по жалбата на неговиот адвокат. Според Дејли Мејл, доколку конечно биде осуден, се соочува со ризик од 10 години затвор.